Чудо невидено го спаси Атлетик од елиминација во шпанскиот куп

Играчите на Елче уште долго ќе жалат за елиминацијата од шпанскиот куп и пропуштија зицер за пласман во осминафиналето.

Мечот против Атлетик Билбао заврши нерешено, 1:1 во регуларниот дел, потоа немаше голови во продолженијата од по 15 минути и се изведуваа пенали.

Гарсија и Лопез не погодија во првата и третата серија за Атлетик и им оставија чиста ситуација на домаќините да приредат изненадување.

Елче водеше со 3:1 пред да стартуваат двете последни серии пенали, но се случи чудо и две утки на второлигашот, па потоа во продолжена серија на пенали Атлетик се пласираше понатаму.

Везга погоди во седмата серија за прволигашот, а Текио утна за Елче, па во Билбао се радуваат на пласман во осминафиналето во Копа дел Реј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести