Раул Гарсија погоди во 40.секунда од мечот меѓу Атлетик Билбао и Еибар и тој гол го одлучи и мечот. Гледачите на „Сан Мамеш“ уште пристигнуваа на стадионот, а играчот за врска постигна гол, кој се покажа за победнички.
Потоа повеќе од 90 минути мрежите мируваа и Атлетик Билбао ја забележа втората победа по ред и се проби на осмата позиција во Ла Лига со 33 бодови.
Еибар доцна се разбуди напаѓаше за реми во финишот, но гостите не успеаја и сега се во серија од 3 меча без победа. Имаат 31 бод на 11. место во шпанското првенство.
https://www.youtube.com/watch?v=AsT04YNAyWk