Чудо од дете во Гана даде невиден гол, дефинитивно кандидат за „Пушкаш“, веднаш се јавија Манчестер и Јуве (Видео)

Фудбалерот на ганскиот второлигаш Голден кикс, Мизак Асанте, има 15 години, а би можел да премине во редовите на Манчестер јунајтед или Јувентус. Асанте даде неверојатен гол на еден меч во Гана и откако го видоа погодокот, гигантите од Манчестер и Торино веднаш се заинтересираа за екстра талентираниот тинејџер.

Многумина останаа со отворена уста откако видоа како Асанте на мал простор ја измеша противничката одбрана сосе голманот и даде гол каков што ретко се гледа. Нешто слично има направено Емилио Бутрагењо од Реал Мадрид против Кадис во 1987 година, а дриблинзите и поигрувањето на Асанте потсетуваат на дриблинзите на Златан Ибрахимовиќ во дресот на Ајакс, на меч со НАЦ Бреда.

- Оглас -

Најнови вести