Чудо од дете во Шпанија, даде четири гола за само 53 минути игра (Видео)

Вилјареал убедливо со 5:1 го победи Еспањол, во историски меч за шпанското првенство. Тинејџерот на Вилјареал, Јереми Пино даде четири гола и тоа за само 53 минути игра.

Тој е најмладиот фудбалер што постигнал хет-трик во Примера, а со четирите погодоци за помалку од еден час, испиша уште една историја во шпанското првенство. Има точно 19 години и 130 денови.

Вилјареал неодамна му го продолжи договорот на Пино до 2027 година, а оркупната клаузула му е 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести