Чудо од тим – Аталанта „живее“ одлично само од странска помош

Аталанта е најефикасниот тим во Серија А со 61 погодок во 23 кола, а вистински куриозитет е дека меѓу стрелците нема ниту еден италијански играч.

Клубот од Бергамо има малку домашни играчи во составот, но ниту еден од нив не успеа да се радува на гол цели 23 рунди во Калчото.

И денеска против Фиорентина стрелци за победа од 2:1 беа странците Дуван Запата, кој е колумбиски репрезентативец и Украинецот Руслан Малиновски.

Во стартниот состав што го почна мечот во Фиренца само голманот Пјерлуиџи Голини беше Италијанец, резервите Калдара и Беланова не добија шанса да играат, па рекордната низа без гол на домашен играч продолжи.

Моментно најдобар стрелец на тимот е Словенецот Јосип Иличиќ со 14 погодоци. По него следат Колумбиецот Муриел со 12, неговиот сонародник Запата со 8, Германецот Госенс со 7, Гомес од Аргентина со 6, Пашалиќ од Хрватска со 4, Малиновски со 3, Швајцарецот Фројлер со 2, а по еден гол постигнаа Бразилецот Толои, Холанѓанецот Рон, Белгиецот Кастањ, албанскиот репрезентативец Џимшити и Траоре од Брегот на Слонова Коска.

- Оглас -

Најнови вести