Се случи чудо во Ријад: Нејмар му препушти на соиграч да шутира пенал на своето деби (Видео)

Екипата на Ал-Хилал синоќа го победи Ал-Ријад со 6-1, а главниот настан на овој натпревар беше дебито на Нејмар за клубот од Саудиска Арабија.

Бразилецот во игра влезе во 64-тата минута, а во 83-тата му асистираше на Малком за водство на неговата екипа од 4-0. Само четири минути подоцна над Нејмар беше направен и пенал, но за чудо тој му дозволи на Салем Ал-Давсари да го изведе пеналот, нешто што веројатно никогаш претходно го немаме видено, а тешко и дека ќе се повтори во иднина.

https://twitter.com/diretodomiolo/status/1702772166784082067?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1702772166784082067%7Ctwgr%5Ef21547f67dc54287f02946e8f984880637a46d25%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fneymar-penal-al-hilal%2F458642

- Оглас -

Најнови вести