Чудо се случи во Севилја и ја прекина серијата од 753 меча – Меси доби прв црвен картон како играч на Барселона (Видео)

Лионел Меси прекина една неверојатно убава серија од 753 натпревари без исклучување како играч на Барселона и вечерва го доби првиот црвен картон во финишот на второто продолжение во финалето на шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао.

Меси во дуел со рака го удри во лицето Вилјалибре и веднаш знаеше дека ќе добие црвен картон. Како играч на Барселона Б пред 15 години исто така беше исклучен, но ова му е прв црвен картон како играч на А тимот на Каталонците.

Во кариерата има уште две исклучувања на дуелите на својата репрезентација, Аргентина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести