Малиот португалски клуб Санта Клара направи епски успех откако се избори за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Овој клуб доаѓа од градчето Понта Делгадо во центарот на Азора и е дел од островот Сао Мигуел. Тоа е најголемиот и најнаселен на целиот архипелаг кој има 67.000 жители.
🇵🇹✈️ Santa Clara will play UEFA Conference League football next season! They will enter the 2nd qualifying round. ✅
They play in the middle of nowhere 😭😭😭 pic.twitter.com/48EzSLYD1y
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) May 18, 2025
Азора се состои од девет главни острови кои се наоѓаат на околу 1.370 километри западно од Лисабон. Санта Клара е единствен професионален клуб во цела Азора. Тој е и најзападниот клуб кој се натпреварува во европскиот фудбал.
Тоа што е дополнително интересно е дека место во Конференциската лига на УЕФА обезбеди и екипата на Шахтер Караганди од Казахстан. Доколку се случи Санта Клара и Шахтер да се сретнат во Конференциската лига, тоа значи дека патот од едното до другото место е 22 часа со авион, затоа што се работи за одалеченост поголема од 7.500 километри.