Чудо – вчера објавија дека имаат 25-мина заразени играчи, денеска сите се здрави!

Бум на заразени со корона-вирус објавија во казахстанскиот фудбалски клуб Кајсар, чиј тренер е Бугаринот Стојчо Младенов. Вчера беше објавено дека дури 25-мина играчи, од кои 10 од првиот тим и 15 младинци имале позитивни тестови. Во стручниот штаб немало заразени, а во играчкиот кадар на Кајсар е и Камерунецот Кларенс Битанг, кој во сезоната 2018/19 го носеше дресот на скопскиот Вардар.

Но, повтореното тестирање покажало негативни резултати кај сите. Клубот кој вчера објави дека има 25-мина заразени, сега тврди дека сите се во добра состојба и никој не е позитивен.

Првенството во Казахстан треба да почне утре, а Кајсар треба да игра со Тараз.

Не е познато како тоа на еден ден пред натпревар сите „магично“ оздравеа, кога се знае дека вирусот не се повлекува за еден ден, па многумина изразија сомнеж во резултатите од двата теста.

- Оглас -

Најнови вести