„Чудо“ во Барселона: Левандовски е подготвен да биде стартер вечерва против Интер?

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, му порачал на тренерот Ханси Флик дека е целосно подготвен да стартува на вечерашниот натпревар против Интер во Лигата на шампионите.

Полјакот заработи повреда на мускулот во клучен дел од сезоната, поради што ги пропушти финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид и првиот дуел со Интер. Сепак, вчера добил медицинско одобрение за враќање на теренот.

Иако Флик планирал Левандовски да започне од клупа и да влезе во последните 30 минути, самиот играч инсистира дека 15-дневната пауза не влијаела на неговата физичка подготвеност и сака да започне од првата минута.

Левандовски е клучен играч за Барса, особено против Интер, кој игра со длабока дефанзива. Неговата физичка моќ и присуството во шеснаесетникот може да бидат пресудни против високите стопери на Интер. Со 40 гола сезонава во сите натпреварувања тој е убедливо најдобар стрелец на тимот.

Од другата страна, иако до вчера се сметаше дека Лаутаро Мартинес нема да биде подготвен, сепак успеа навреме да закрепне и ќе го предводи нападот на Интер.

За Барселона ќе отсуствуваат Бењамин Павар, Жул Кунде и Алехандро Балде.

Натпреварот меѓу Интер и Барселона се игра вечерва, од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести