25.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Чудо во Белград: Шпанија победи, а губеше со 8 поени разлика на 35 секунди до крај (Видео)

Шпанија и Франција одиграа неверојатно финале на јуниорското Европско првенство во кошарка на кое учествуваше и македонската репрезентација.

Французите беа на прагот на победа, водеа со 79-71 на 41 секунда до крајот. На 34 секунди до крај, Шпанија намали на 73-79. Имаше и дополнително слободно фрлање, кое не беше искористено, но Шпанците ја фатија топката и за нивна среќа Гилјерно Дел Пино погоди тројка за 76-79. Потоа беше направен фаул над Камерон Уиндо, а тој погоди само едно слободно фрлање за 80-76. На 18 секунди до крај, Дел Пино положи за 78-80, а по брзиот фаул, Французите пак реализираа само едно слободно. На 4 секунди до крај, Дел Пино беше фаулиран, го погоди првото, намерно го утна второто фрлање, но за нивна среќа топката пак им припадна на Шпанците кои изведоа аут од под кошот. Јунакот Дел Пино на 1,4 секунда до крај погоди тројка и почна големата радост на Црвената фурија.

Ова е тројката за титула која ќе остане запаметена во шпанската кошаркарска историја:

- Оглас -

Најнови вести