Еден 65-годишен навивач на Вест Бромвич албион на 28 март заврши на интензивна нега како последица од корона-вирусот, а откако слушна аудиоподдршка од тренерот Славен Билиќ и некои од играчите на ВБА, се разбуди од кома.
Заслуга за чудото има сопругата на Питер Џорџ, Тереза, која добила идеја да се снимат пораки и на 8 април напишала порака до клубот во која моли за помош, а на Питер му ја пуштиле и химната на клубот. Пред тоа Питер не реагирал на ниту еден глас, а знаци на живот почнал да дава по пораките и навивачките химни. Сега тој е на домашно лекување и на пат кон целосно закрепнување.