Синоќа во бразилското првенство се одигра неверојатен меч помеѓу екипите на Ботафого и Палмеирас. Домашните по првите 45 минути имаа водство од 3-0 со головите на Карлос Едуардо, Че Че и Жуниор Сантос.
На стартот од второто полувреме, Палмеирас намали на 3-1 преку Ендрик, а домашните имаа можност да ја вратат предноста на три гола разлика во 83-тата минута, но Тикињо промаши пенал.
Тука започна лудилото. Веќе следната минута Ендрик намали на 3-2. Во 89-тата минута Лопес израмни на 3-3, а Муриљо во 99-тата ги постави конечните 3-4 за Палмеирас.