Ноќеска во НБА лигата се одиграа неколку интересни мечеви, а најголемото изненадување се случи во Детроит, каде домашниот тим беше огромен фаворит во дуелот со Бруклин, но загуби со 105:107. Детроит е најдобриот тим на Истокот, а Бруклин на ова гостување допатува како последнопласиран во оваа конференција.
Сепак, на теренот, Бруклин покажа дека може да го изненади и најдобриот. Детроит водеше со 32:19 по првата четвртинаа, а потоа и 16 разлика на полувреме (62:46). Во третата четвртина Деторит стигна и до плус од 23 поени (77:54), но потоа најслабиот тим во лигата на чудесен начин успеа да се врати и на крајот да го победи големиот фаворит на негов терен.
Оклахома стигна до јубилејната 50 победа сезонава, откако славеше против Голден стејт со 104:97. Повторно лидер на Оклахома беше Шеј Гилџес-Александер кој постигна 27 поени. За Шеј ова беше 125 меч по ред на кој постигнува 20+ поени и сега е на чекор од неверојатнио рекорд на Вилт Чемберлен кој имал 126 натпревари по ред на кои постигнувал 20+ поени.
Во останатите мечеви: Атланта – Филаделфија 125:116, Мемфис – ЛА клиперс 120:123 и Милвоки – Јута 113:99.

