Чудо во Монте Карло: Ѓоковиќ загуби од тенисер кој никогаш немал победа над играчи во Топ 5

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло од Мастерс турнирот во Монте Карло откако изненадувачки загуби со 4:6, 5:7 од Даниел Еванс. Тенисерот од Велика Британија досега во кариерата никогаш немал победа над играч во Топ 5 на АТП-листата, а сега славеше против најдобриот.

Уште на стартот од мечот Еванс покажа дека е подготвен за чудо откако во првиот сет поведе со 3:0, а потоа Ѓоковиќ стигна до 4:4. Потоа се виде и менталната подготвенот на Еванс, кој успеа да направи нов брејк и да го добие првиот сет со 6:4.

Во вториот сет, Ноле тргна силовито, поведе со 3:0 во гејмови, но Еванс повторно на чуден начин се врати и стигна до 3:3. При резултат 5:5, Ѓоковиќ го загуби својот сервис, а потоа Еванс го доби и последниот свој сервис за 7:5 во вториот сет и победа која ќе ја памти целиот живот.

 

- Оглас -

Најнови вести