Чудо во НБА: Цела сала навиваше за противничкиот играч (Видео)

Бостон го победи Далас со 114:93, а домашната публика на крајот од мечот навиваа за противникот. Навивачите во салата на Бостон, всушност сакаа да му дадат почест на Дирк Новицки. Легендарниот германски кошаркар најверојатно за последен пат во кариерата играше во салата на Бостон, а навивачите на некогашниот НБА шампион, знаеја на вистински начин да го испратат.

Новицки на теренот влезе пред крајот на првата четвртина, а цела сала го дочека со стоечки овации.

https://twitter.com/espn/status/1081366501628755969

Како изминуваше мечот, беше јасно дека Бостон ќе победи, па публиката се фокусираше на Новицки, па сите во салата започнаа да скандираат „Го сакаме Дирк, го сакаме Дирк“. Навивачите навиваа Германецот да постигне една тројка, како за крај на кариерата во нивната сала.

Во последните 30 секунди, Дирк шутираше два пати за тројка, но промаши, а навивачите на Бостон беа разочарани како нивниот тим да загубил.

Новицки не успеа да постигне ниту еден поен, а шутираше дури 10 пати. Со тоа, за само еден поен не успеа да стане најефикасен играч од „западот“ по бројот на постигнати поени во оваа сала. Новицки остана на 426 поени кога гостувал кај Бостон, а пред него со 427 поени е Коби Брајант. На третото место е Тим Данкан со 227 поени на гостувањата кај Бостон.

 

- Оглас -

Најнови вести