Историски момент во Серија А: По шесте одиграни кола има шест различни лидери на табелата (Фото)

Со дуелот меѓу Парма и Калјари, кој ќе се игра вечерва, ќе се комплетира шестото коло во италијанската Серија А. Тоа е дуел на две екипи кои се наоѓаат во долниот дел од табелата, што значи дека нема да има промени меѓу првите 10 на табелата.

Наполи е екипата која ќе биде предводник во Серија А по ова шесто коло, а со тоа продолжува раритетната низа, во секое од првите шест кола во италијанското првенство да има нов лидер. Никогаш претходно откако започнува Серија А речиси пред 100 години ова никогаш не се случило. Од 1929 година досега немало сезона во која во првите шест кола ќе има шест различни лидери.

По првото коло, првопласирана беше екипата на Аталанта, која победи со 4:0 на стартот. По второто коло, Јувентус заврши како прв, а потоа во третото коло Интер беше најдобар.

Следуваа малку неочекувани лидери во четвртото и петтото коло. Прво Удинезе помина едно коло на врвот, а потоа и Торино беше првопласиран по петтото коло. Токму Торино загуби викендов, па тоа го искористи Наполи, кој по синоќешната победа над Монца, сега тимот од Неапол е на врвот од Серија А.

Наполи има 13 бода, а интересно е дека разликата меѓу лидерот и осмопласираниот Удинезе е само три бода, што само е најава дека во ова коло може да има многу интересна и неизвесна трка за освојување на врвот во италијанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести