Навивачите на Манчестер јунајтед неочекувано ќе имаат многу добар Божиќ. Иако сезонава тимот игра слабо, во последниве неколку дена се случуваат убави работи во тимот од „Олд Трафорд“. Жозе Мурињо доби отказ, а на негово место беше назначен Оле Гунар Солскјер.
Норвешкиот стратег во дебитантскиот меч на клупата на најтрофејниот англиски тим победи со 5-1 против Кардиф. Многумина најавија дека со тоа се враќа „кодот на Фергусон“ во Манчестер. Сега се најавени уште подобри вести. Во клубот се враќа токму тој, Сер Алекс Фергусон.
Најтрофејниот тренер во историјата на англискиот фудбал ќе биде советник на Солскјер. Фергусон, кој има 76 години, пред неколку месеци имаше мозочен удар, но целосно закрепна и сега повторно сака да биде дел од клубот. Како тренер, Фергусон 11 сезони му беше предводник на голгетерот Солскјер, а сега ќе го советува и на тренерската клупа.