17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Чудото е реалност: Челзи го „прегази“ ПСЖ во финалето на Светско клупско првенство (Видео)

Неочекувано, но Челзи е освојувач на трофејот наменет за победникот на Светско клупско првенство. Англискиот првак со убедливи 3:0 го победи Пари Сен Жермен во финалето на ова натпреварување, кое прв пат беше со 32 екипи од целиот свет.

Кол Палмер е херојот на Челзи. Голгетерот постигна два гола. Прво погоди за погоди за 1:0 во 22 минута и го најави неверојатниот резултат во финалето.

Само осум минути подоцна повторно Палмер погоди за радост на фановите на Челзи.

Неверојатното прво полувреме беше комплетирано со погодокот во 42 минута, кога Жоао Педро погоди за 3:0. Во вториот дел Челзи рутински се одбрани, ја сочува предноста и на крајот испиша историска победа.

- Оглас -

Најнови вести