Борусија Дортмунд не дозволи изненадување и со 3:0 славеше над Гројтер Фирт. Ерлинг Халанд повторно беше предводник на Милионерите постигнувајќи два погодоци.
Голгетерот првиот пат погоди од пенал во 33-тата минута, а во 82-рата минута зголеми на 2:0. Дониел Мален го постави конечниот резултат со погодок на две минути пред крајот. Халанд со овие два гола стигна до 30 погодоци за Борусија во Бундеслигата во една календарска година и го надмина рекордот на Лотар Емерик од 1966 година и Пјер-Емерик Обамејанг во 2015 година, кога постигнале по 29 погодоци.
Борусија со овие три бода стигна до 34 бодови од 16 меча и има шест бодови помалку од лидерот Баерн Минхен.
Во останатите мечеви кои се играа денеска: Борусија М. – Ајнтрахт Ф. 2:3, Аугсбург – Лајпциг 1:1, Баер Леверкузен – Хофенхајм 2:2, Унион Берлин – Фрајбург 0:0.