Манчестер сити е старо-нов шампион во Премиер лигата, откако со триумфот од 4-1 на гостувањето кај Брајтон избраниците на Пеп Гвардиола ја одбранија титулата и воедно не дозволија да се случи чудо во последното коло.
На Граѓаните им беше потребна победа за да бидат сигурни дека Ливерпул нема да заврши на првото место без разлика на исходот од дуелот Ливерпул – Вулверхемптон. Иако за момент имаше простор за сензација откако Брајтон поведе со 1-0, гостите од Манчестер пред паузата го свртеа резултатот во своја корист на 2-1. До големите 4-1 и победа вредна за титула, погодуваа Марез и Гундоган.
Ливерпул пак, нема да се задоволи со триумфот од 2-0 над Вулверхемптон. Црвените се надеваа дека ќе добијат помош од Брајтон и по 30 години ќе бидат владетели со Премиер лигата, тоа не се оствари. Мане беше стрелец на двата погодоци против „волците“, кои ги постигна во 17-тата и 82-та минута.
Се биеше битка за третото, односно четвртото место на табелата со кое се обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Со 72 бода и по ремито без голови кај Лестер, Челзи ја завршува кампањата на третата позиција, додека Тотенхем со еден бод помалку од градскиот ривал е четврти по ремито од 2-2 против Евертон.
Арсенал го совлада Барнли на гости со конечни 3-1, а најголемото изненадување се случи на „Олд трафорд“, каде Манчестер јунајтед загуби од елиминираниот Кардиф со 2-0.
Резултати Премиер лига 38-мо коло:
Брајтон – Манчестер сити 1-4
Ливерпул – Вулверхемптон 2-0
Барнли – Арсенал 1-3
Кристал палас – Борнмут 5-3
Фулам – Њукасл 0-4
Манчестер јунајтед – Кардиф 0-2
Саутхемптон – Хадерсфилд 1-1
Тотенхем – Евертон 2-2
Ватфорд – Вест хем 1-4