21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Чудото на Јокиќ во НБА не е видено 30 години ! (Видео)

Никола Јокиќ имаше скромни за него осум поени, но Србинот повторно одигра меч за памтење во НБА-лигата. Центарот на Денвер немаше потреба премногу да се форсира бидејќи неговиот тим лесно го победи Портланд со 124:94, а Јокиќ на теренот помина само 26 минути.

Во периодот додека беше на теренот, освен осумте поени, Јокиќ имаше и дури 18 скока и 11 асистенции, што е ретко видено остварување во НБА-лигата. Во изминативе 30 години во НБА немало играч кој поминал помалку минути на паркетот, а да има ефект барем од 15 скока и барем 10 асистенции.

Дел од тие 11 асистенции навистина беа магични и популарниот Џокер повторно ја забавуваше публиката.

https://twitter.com/i/status/1498135080178311170

- Оглас -

Најнови вести