Чудото од Белгија дома нема да загуби, Боксинг деј традиционално е со многу голови

1658 Ројал Унион – Гент (16 ч.)

Ројал Унион е најголемото изненадување во Европа. Клубот кој лани беше дел од втора лига, сега по 20 одиграни кола е лидер во Белгија. Тоа е тимот кој има дадено најмногу голови (50) и најмалку примено (20).

Гент веќе еднаш на свој терен ја почувствува силата на Ројал откако дома загуби со 0:2. Делува нереално, но Ројал има 10 победи во последните 11 кола во Белгија и сигурно е во улога на фаворит и на овој дуел.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.84)

 

1245 Ренџерс – Сент Мирен (16 ч.)

Нема дилема дека домаќините ќе победат. Ренџерс е прв во Шкотска и дома не смее да киксира против тим кој има 29 бодови помалку од нив.

Гигантот од Глазгов има девет победи во последните 10 меча со Сент Мирен  и најчесто тоа со средби на кои има два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.72)

 

1958 Фенербахче – Јени Малатијаспор (17 ч.)

Фенербахче изненадувачки слабо игра на свој терен сезонава, па во осум средби има само четири победи. Малатијаспор е претпоследен на табелата во Турција, но во последните четири дуели со овој ривал има само еден пора.

Овие екипи најчесто играат со 2-3 гола, па освен победа на домаќините може да се искомбинира и со бројот на погодоци.

Предлог тип: 1&2-4 (1.93)

 

1008 Астон вила – Челзи (18:30 ч.)

Многуте заразени играчи е причина за Челзи да има само една победа во последните четири кола, но лондонскиот тим сега верува дека ќе ги израдува своите фанови. Германското дуо Хаверц – Вернер уште е во аут, но и Астон вила има тројца заболени од вирусот.

Боксинг деј е познат како ден кога фудбалерите ги наградуваат фановите со многу погодоци, па и сега во Бирмингем може да се очекува отворена игра со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

1003 Тотенхем – Кристал палас (16 ч.)

Тотенхем е во добра форма, а фактот дека имаат на домашен терен на Боксинг деј треба да им биде дополнителен мотив. Кристал палас е екипа која игра без многу калкулации и сигурно ќе се обиде да изненади на ова гостување.

На последните седум меѓусебни средби имало вкупно 20 погодоци што е безмалку три гола по меч во просек. И сега треба да има голови и да се задржи традицијата за Боксинг деј.

Предлог тип: 3+ (1.93)

- Оглас -

Најнови вести