„Чудото од дете“ ја одбра Барселона

Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и Манчестер сити се надеваа дека ќе успеат да го доведат во своите редови, но еден од најголемите таленти во Европа, се реши во иднина да го носи дресот на Барселона. Играчот за врска на Ајакс, Френки де Јонг ја одбрал Барселона, за негов следен клуб, пренесуваат шпански и германски медиуми.

Де Јонг верува дека во Барселона ќе ги има најдобрите услови за да напредува и затоа се решил да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант. Се очекува Ајакс од овој трансфер да заработи барем 60 милиони евра. Де Јонг го привлече вниманието со своите игри во групната фаза од Лигата на шампионите, помагајќи му на Ајакс да се пласира во нокаут фазата.

Интересно е тоа што 21-годишниот играч за врска не потекнува од познатата фудбалска школа на Ајакс. Тој започна во тимот на Вилем Втори, а потоа, како 18-годишњак дојде во редовите на гигантот од Амстердам, каде и го покажа целиот свој талент. Минатото лето тој дебитираше во дресот на холандската репрезентација и веќе има пет настапи за „лалињата“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести