Бразилскиот Палмеирас организираше свеченост по повод првиот професионален договор на чудото од дете, Ендрик, кој го потпиша првиот професионален договор. Талентираниот фудбалер денеска полни 16 години и со тоа го исполнува условот за потпишување на професионален фудбалски договор.
Според статистиката која ја нуди Палмеирас, Ендрик одиграл 172 меча во младинските категории и има постгнато 170 гола. Најголемо внимание Ендрик привлече на Копиња, кој е најголемиот бразилски турнир за играчи до 21 година, кога постигна шест гола во седум меча.
За овој талентиран тинејџер веќе се интересираат Манчестер сити, Барселона, Реал Мадрид и уште многу други европски големи клубови. Ендрик бил забележан од скаутите на Палмеирас на еден турнир, кога имал само 11 години, па веднаш на целото негово семејство му било понудено да се пресели во Сао Пауло. Освен што малиот фудбалер бил доведен во Палмеирас, татко му бил вработен како работник на стадионот.
„Никогаш за себе не сум мислел дека сум посебен, но кога на тој турнир одиграв толку добро, сфатив дека можеби можам да станам фудбалер. Мојот пат е многу тежок и знам колку малку деца на крајот успеваат да го остварат сонот и да направат добра кариера. Се надевам дека јас ќе ја искористам таа шанса“, вели Ендрик.
Се шпекулира дека Барселона веќе понудила 45 милиони евра за да го купи Ендрик, кого го најавуваат и како новиот Нејмар.