Чудото од дете на Рен пресреќно што го доби дресот на Роналдо: Нема да го перам (фото)

Едуардо Камавинга, ултра-талентираниот француски репрезентативец кому му се предвидува блескава кариера иако има само 17 години, вчера доби подарок од својот идол Кристијано Роналдо кој вечно ќе го чува.

По дуелот на светскиот и европскиот првак на „Стад де Франс“, Камавинга го доби дресот од Роналдо и веднаш се пофали на социјалните мрежи, па истакна дека нема да го пере.

Камавинга моментално е еден од најперспективните играчи во Европа, а во блиска иднина може да ја наполни касата на Рен доколку се одлучи да направи трансфер во некој од европските гиганти. Реал Мадрид е загреан за потписот на тинејџерот, па следното лето Камавинга може да заигра за клубот во којшто Роналдо испиша цела книга со историски и рекордни моменти.

- Оглас -

Најнови вести