Чудото од дете успеа, Литлер стана убедливо најмлад светски шампион во пикадо (Видео)

Лук „Д Нук“ (нуклеарка) Литлер со 17 години, 11 месеци и 13 дена, стана најмлад светски првак во историјата на пикадото.

Литлер и лани стигна до финалето, но тогаш загуби. Овојпат беше доминантен, поведе со 4-0 и славеше со конечни 7-3 во сетови над легендата и трикратен првак Мајкл Ван Гервен кој досега беше најмлад светски првак во овој спорт со 24 години. Литлер во финалето имаше 12 максимални „180-ки“.

За победата во финалето, Литлер освои 600.000 евра, а Ван Гервен си оди дома со 241.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести