Чудото од Каталонија е нов лидер во Шпанија, Реал е втор, Барса трета

Екипата на Жирона е нов лидер во шпанското првенство откако успеа да победи на гости кај Вилјареал со 2:1, во дуел од седмото коло. Триумфот на гостите е уште позначаен затоа што е остварен со пресврт.

Вилјареал поведе на почетокот на второто полувреме, кога Парехо погоди од пенал, а потоа следуваше офанзива на гостите која резултираше со два погодока. Довбик погоди за 1:1 во 56-тата минута, а веќе во 61-вата минута беше 2:1 за Жирона благодарение на голот на Гарсија.

Жирона сега има 19 од максималните 21 бод и зад себе ги остави дури и најголемите конкуренти за титулата, Реал Мадрид и Барселона. Кралскиот клуб од Мадрид е втор откако вечерва со 2:0 победи против Лас Палмас и сега има 18 бода. Барселона синоќа киксира кај Мајорка кога одигра 2:2 и остана на 17 бодови.

- Оглас -

Најнови вести