Килијан Мбапе го постигна првиот хет-трик во дресот на Реал Мадрид, па сосема заслужено си понесе „сувенир“ од мечот против Вањадолид (0-3). Французинот влегол во соблекувалната со топката од натпреварот, но веднаш следувало изненадување од соиграчите кои ја зеле топката и му ја потпишале, а некои од нив оставиле и порака.
Една од повпечатливите пораки е онаа на Лука Модриќ, кој напишал „чудовиште“.
Mbappé abandona Zorrilla con el balón firmado por todos sus compañeros
📹 @matoribio85 pic.twitter.com/ZgxQens9kx
— MARCA (@marca) January 25, 2025