Чукарички го декласира Коронавирусот – Платите се сигурни, фудбалерите се среќни

Раковдоството на Чукарички како да ја предвиде кризата со Коронавирусот и на мудар начин успеа да го надмине веројатно и најгорливиот проблем во екот на епидемијата, а тоа се платите на фудбалерите.

На Баново брдо парите нема да бидат проблем бидејќи сите фудбалери на Чукарички имаат земено плата однапред до завршување на сезоната, односно до јуни.

Исплатата се случи во февруари, непосредно пред да букне епидемијата со Коронавирусот во Србија.

„Не им е лесно ниту на клубовите, ниту на играчите во вакви ситуации, кога епидемијата брзо се шири, но, за среќа, Чукарички до јуни нема проблем со платите на играчите. Во февруари се исплатени сите рати и плати на фудбалерите, што носи мир и кај нас и кај фудбалерите. Сопственикот Обрадовиќ воопшто и не размислуваше во ниту еден момент за некакво намалување на приходите на играчите“, изјави Ненад Милосављевиќ, спортскиот директор на клубот.

Во Србија треба да се доиграат четири кола од регуларниот дел на шампионатот, па потоа ако има простор, да се продолжи со плејоф за титулата. Чукарички веќе обезбеди настап во доигрувањето за титулата ако се игра плејоф.

 

- Оглас -

Најнови вести