28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Чуквуемека во Дортмунд до 2030 година

Борусија Дортмунд го претстави своето најново засилување, Карни Чуквуемека. Англискиот фудбалер кој во изминатата полусезона настапуваше како позајмен играч, сега и официјално стана дел од Милионерите со договор што ќе трае до 2030 година.

Иако клубовите не ги открија финансиските детали, англиските медиуми пишуваат дека трансферот изнесува околу 24 милиони фунти.

Чуквуемека пристигна во Челзи во 2022 година, но токму во Дортмунд ја доби вистинската шанса да се наметне. Сега ќе продолжи да настапува во дресот на германскиот бундеслигаш.

- Оглас -

Најнови вести