РK Вардар 1961 од денеска има нов предводник, но добро познато лице, кое освојуваше титули во „Јане Сандански“. Тоа е легендарниот хрватски ас Иван Чупиќ, кој во минатото беше и дел од шампионската генерација и го постигна клучниот гол за првиот трофеј во ЛШ.
Чупиќ денеска е претставен за нов кормилар на Црвено-црните.
„Прво да му се заблагодарам на мојот тим Метковиќ, кој ми дозволи да си заминам веднаш штом добив повик да бидам тренер на Вардар. За мене Вардар е втор дом. Сите многу добро знаете што значи Вардар за мене. Вардар е голем клуб, Вардар е поголем од сите нас поединци. Од прв момент почнуваме професионално и верувам дека по три години ќе ја вратиме титулата таму каде што припаѓа“, изјави Чупиќ.
„Зборував со Столе Стоилов. Тој е мој пријател, мој брат, мој капитен. Направивме пријателски муабет. Тоа што зборувавме ќе остане меѓу нас, тој е икона во клубот и за него сигурно треба да има место и функција во клубот“, дополни хрватскиот стратег.