Шупо-Мотинг дебитираше со два гола, Баерн убедливо тргна во одбрана на Купот

Баерн Минхен со убедливи 3-0 над Дурен тргна во одбрана на Купот на Германија. Два од трите погодоци ги реализира Максим Шупо-Мотинг, кој го украси своето деби за новиот клуб откако во последниот ден од преодниот рок пристигна како слободен играч на „Алијанц арената“.

Шупо-Мотинг прво стрелаше во 24-тата минута, а потоа го постави конечниот резултат на петнаесетина минути пред крајот. Милер од пенал во 36-тата минута зголеми на 2-0, па веќе во првиот дел од мечот беше јасен победникот.

Македонецот Ѓорѓи Антоски, кој е член на германскиот аматерски клуб, стартуваше од првата минута и одигра речиси цел час.

 

 

- Оглас -

Најнови вести