Чупо-Мотинг „жртва“ на бизарна грешка: Камерунците сами себе си пратиле мејл за повик во репрезентацијата

Ерик Максим Чупо-Мотинг, нема да игра за Камерун во претстојните квалификации за Купот на Африканските нации, поради бизарна грешка на административниот тим на камерунската фудбалска федерација.

Имено, наместо на напаѓачот на Баерн Минхен, мејлот во кој била поканата за повик во репрезентацијата, од таборот на Камерун сами себе си ја пратиле истата покана, а потоа биле лути поради што Чупо-Мотинг никогаш не одговорил на мејлот.

Таткото и воедно агент на Чупо-Мотинг, Камил Џуст, остро ја искритикува федерацијата откако го виде конечниот список на кој не било името на баварскиот офанзивец.

„Контактирав со федерацијата со цел да дознаам што се случува. Од Баерн дознав дека покана за Чупо-Мотинг воопшто не стигнала на нивна адреса. Потоа се дозна дека поканата била испратена на погрешна адреса и грешката не била забележана дури до денес. Апсолутно непрофесионален работен однос“, посочи Камил Џуст.

Така, Чупо-Мотинг нема да игра против Зеленотрските Острови и Рванда во квалификациите, но за Камерун тоа нема да биде голем хендикеп ако се знае дека веќе го обезбеди местото во Африканскиот Куп на нации со освоеното прво место во групата Ф со 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести