Чурлинов даде гол на реваншот со Бетис, но неговиот клуб ги заврши европските настапи

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра уште еден одличен меч за полскиот тим Јагиелонија, постигнувајќи гол против Бетис во ремито (1-1) во реваншот од четвртфиналето на Конференциската лига. Бетис е тимот кој оди понатаму поради триумфот од 2-0 на првиот дуел во Шпанија и закажа полуфинален дуел со Фиорентина.

Дарко Чурлинов успеа да се запише во листата на стрелците во 81-та минута од вечерашниот дуел.

Само три минути претходно, Бетис поведе со голот на Седрик Бакамбу.

Фиорентина и Целје одиграа 2-2 на реваншот во Италија, но калчолигашот оди во следната рунда, со оглед дека славеше на гости (1-2) во Словенија. Мандрагора и Кин беа стрелци за Фиорентина, додека Марко и Неманиќ погодија за Целје.

- Оглас -

Најнови вести