Чурлинов е јунак број 1 во Конференциската лига, со гол во 98-ма минута го урна Копенхаген (Видео)

Дарко Чурлинов со гол во осмата минута од судиското продолжение, му донесе победа од 2-1 на својот тим Јагјелонија на гостувањето кај Копенхаген во дуел од Конференциската лига.

Македонецот влезе во игра во 55-та минута и со голот ги фрли во транс фановите на полскиот клуб. Чуринов немаше дадено гол уште од јануари кога беше играч на Шалке.

Добро поминаа и Дамјан Шишковски и Бобан Николов кои со Борац Бања Лука дома извадија реми од 1-1 против Панатинаикос. Шишковски бранеше цел меч, а Николов влезе во игра во второто полувреме.

Ова е голот на Чурлинов вреден три златни бода:

Copenhagen 1-[2] Jagiellonia Białystok – Darko Čurlinov 90+7′
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

- Оглас -

Најнови вести