Екипата на Бетис со 2:0 славеше над Јагелонија во првиот меч од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. Шпанскиот тим беше голем фаворит и пред мечот, а уште во првото полувреме постигна два гола за комотно водство. Во вториот дел немаше погодоци.
Во тимот на Јагелонија целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој е единствен Македонец кој сезонава остана да е дел од натпреварувањата на УЕФА.
Во останатите два меча кои се одиграа вечерва, се радуваа гостите. Фиорентина со 2:1 победи кај Целје во Словенија, додека на Рапид му беше доволен еден гол за победа на теренот на Ѓургарден. Претходно, гостинска победа забележа и Челзи, и тоа со 3:0 кај Легија во Варшава.