Чурлинов: Имаме тактика за дуелот против Белгија, а како ќе изгледа ќе видите на стадион

Дарко Чурлинов е еден од оние македонски репрезентативци кои може да се пофали дека имаше добра сезона на клупски план. Тој беше еден од најстандардните и македонски фудбалери со најголема минутажа во својот клуб.

Клупската сезона заврши, а Чурлинов сега е фокусиран на двата меча кои ќе ги игра со Македонија во квалификациите за Светско првенство 2026.

„Имав добра сезона, изиграв добра минутажа на клупски план. Во денешно време нема фаворити, треба да е фокусираме на нашата игра и да го изработиме тоа што го имаме зацртано. Секогаш има мотив кога се игра за Македонија, без разлика дали противникот е Казахстан или Белгија. Треба да ја презентираме државата на највисоко ниво. Сега сме фокусирани на дуелот со Белгија. Добро го анализиравме противникот, имаме тактика и план, а како тоа ќе изгледа, ќе видите на стадион“, вели Чурлинов.

Македонија против Белгија ќе игра в петок на арената „Тодор Проески“, а три дена подоцна ќе гостуваме во Астана против Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести