Чурлинов ќе игра со нов дрес – Шалке 04 го избриша рускиот гигант

Шалке 04 реагираше со интересна одлука со која го тргна логото на „Газпром“, руски нафтен гигант, од дресовите, па Дарко Чурлинов и соиграчите од овој викенд ќе играат со нови дресови.

Германскиот второлигаш реагираше на воената акција на Русија во Украина и донесе одлука што е тешка за клубот од Гелзенкирхен бидејќи „Газпром“ е долгогодишен спонзор и еден од најмоќните што го има Шалке 04.

На мечот со Карлсруе на гостински терен во сабота од 13.30 часот фудбалерите на Шалке 04 ќе играат со дресови на кои ќе биде логото на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести