Чурлинов ќе почека за деби во Штутгарт, Швабите останаа во трка за Бундеслигата

Штутгарт со многу мака го победи Бохум во последниот меч од 22-рото коло во втората германска лига и остана во трката за директен пласман во Бундеслигата.

Гостите победија со голот на Хадиуи во 81-вата минута на мечот во кој апсолутно доминираа, но искористија само една шанса.

За третопласираниот тим во Цвајта повторно не настапи македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Тој се пресели во зимскиот преоден рок од Бундеслигашот Келн во редовите на петкратниот германски шампион.

Штутгарт има амбиции да се врати во Бундеслигата и засега е трет со 41 бод, колку што има и Хамбургер. Лидер по 22 рунди е Арминија Билефелд со 44 бодови.

- Оглас -

Најнови вести