Чурлинов: Наше е да собереме што повеќе бодови, а на Господ е дали ќе играме на ЕП

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 14.30 часот во Скопје игра многу важен натпревар од квалификациите за Европското првенство против Израел. Победа за избраниците на Благоја Милевски ќе значи голем чекор кон обезбедување на второто место во групата и поголеми шанси за место на ЕП.

Од деветте квалификациски групи, на ЕП ќе одат првопласираните и петте најдобри втори. Во моментов Црвено-жолтите се најслаби меѓу второпласираните и затоа три бода против Израел би ги зголемиле шансите да влеземе меѓу тие пет најуспешни втори. Победата од 4-1 на гостувањето кај Казахстан во претходното коло мина во знакот на Дарко Чурлинов.

„Мило ми е што му помогнав на тимот да победиме во Казахстан. За мечот со Израел, подготвени сме да дадеме и повеќе од 100 проценти од нашите можности, се надеваме на три бода. Ќе се придржуваме на инструкциите на селекторот. Наше е да ги одиграме добро сите мечеви до крајот на квалификациите, да собереме што е можно повеќе бодови, а потоа, што би се рекло, на Господ е дали ќе се пласираме на Европско првенство или не“, вели Чурлинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести