Чурлинов не играше, Келн едвај куртули од сензационална елиминација во купот

Келн успеа да избегне сензационална елиминација на стартот од натпреварите во германскиот куп против Вехен, а мина понатаму по долга фудбалска битка од 120 минути и дури по подобро изведување на пенали.

За популарните Јарци не дебитираше Дарко Чурлинов, бидејќи не беше во комбинација, во првиот официјален настап на Келн во новата сезона. Талентираниот македонски фудбалер ќе биде единствениот Македонец во Бундеслигата во новата сезона што наскоро треба да почне.

Келн имаше предност од 2:0 по првото полувреме, но дозволи со два брзи гола на Лорх само за три минути во вториот дел да се играат продолженија. Повторно фаворитот поведе во дополнителното време со голот на Шауб, но пак Вехен израмни на 3:3, па се изведуваа пенали.

Домаќините трипати утнаа во пенал-серијата од пет пенали, а Келн имаше само две утки и мина понатаму. Чурлинов од оваа сезона е приклучен на првиот тим на Келн, кој обезбеди настап во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести