Дарко Чурлинов ги одигра последните 25 минути за Штутгарт во мечот против БФЦ Динамо, во Купот на Германија, но и тоа му беше доволно за да даде гол. Македонскиот репрезентативец беше прецизен во 88 минута кога погоди за 6:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Младиот Чурлинов бешe дел од македонската репреентација на Европското првенство. На дуелот против Австрија остана на клупата, додека против Украина го одигра второто полувреме, додека на мечот во Амстердам против Холандија ги одигра последните 35 минути.