Мечот против Летонија ќе биде последната проверка за македонските фудбалери пред одлучувачкиот натпревар за втората позиција во групата од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Офанзивецот Дарко Чурлинов вели дека нема неважни натпревари, а победата е добредојдена и на меч кој е од пријателски карактер.
„Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме сè од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија, а потоа ќе расмислуваме и за квалификацискиот натпревар против Велс“, рече Дарко Чурлинов.

