17.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Чурлинов: Сега ни следат одлучувачки мечеви за пласман на СП

Дарко Чурлинов беше еден од стрелците во убедливата победа на Македонија од 5:0 против Лихтенштајн. Нашиот офанзивец во 56-тата минута го постигна третиот гол и ја зацврсти предноста на националниот тим.

По средбата, Чурлинов го сподели своето задоволство од играта и резултатот.

„Го дадовме на терен тоа што беше договорено и резултатот си дојде сам по себе. Денеска нема релаксирачки натпревари – никој не може да влезе на терен со 70-80 отсто од силите, особено кога се игра за репрезентацијата на Македонија. Така и треба да биде. Секоја репрезентација која доаѓа овде мора да знае каде доаѓа. Не очекуваат интересни и одлучувачки мечеви и треба да дадеме сè од себе“, изјави Чурлинов.

Фото: ФФМ

- Оглас -

Најнови вести