Чурлинов си решета во Германија, пак постигна гол за Штутгарт и е премиерен во германскиот куп

Дарко Чурлинов го постигна и третиот погодок за Штутгарт, откако летово се врати во тимот со кој има договор.

Денеска во премиерниот официјален меч за Штутгарт во новата сезона, македонскиот репрезентативец го постигна единствениот гол во првото полувреме против Динамо во Дрезден во националниот Куп на Германија.

https://twitter.com/VfB/status/1553060752340254720?s=20&t=ncbolGDQK0fe9xntBS9lYQ

Чурлинов досега постигна три гола на четири натпревари откако од Шалке 04 се врати во Штутгарт.

Дарко беше стрелец и на пријателските натпревари со Цирих и Валенсија, и денеска против Динамо Дрезден со што најави одлична сезона во Бундеслигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести