Чурлинов со Јагиелонија на чекор до четвртфинале, реми за Николов и Шишковски против Рапид

Јагиелонија, полскиот тим за кој игра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, е многу блиску до четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА, откако во првата осминафинална средба пред своите навивачи го совлада Серкл Бриж со убедливи 3-0.

Пулулу го отвори резултатот со гол од пенал во 69-та минута, а само шест минути подоцна Романчук зголеми на 2-0. Пулулу повторно беше стрелец за конечни 3-0 во 78-та минута. Чурлинов стартуваше во првите 11 и играше до 60-та минута.

Борац Бања Лука и Рапид Виена одиграа 1-1. Австрискиот тим беше на пат да победи до последните моменти, но Вуковиќ израмни од пенал, оставајќи ги шансите на Борац за продолжување на натпреварувањето. Бобан Николов одигра еден час за тимот од Бања Лука, додека Шишковски беше на клупата за резерви.

Целје и Пафос беа успешни на домашен терен. Целје победи со минимални 1-0 против Лугано, а Светлин беше стрелец на единствениот гол во 23-та минута. На Кипар, Пафос ја доби својата средба против Ѓургарден со идентичен резултат (1-0).

- Оглас -

Најнови вести