Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со неговиот клуб Јагелонија дојдоа до пласман во осминафиналето од Конференциската лига откако и вторпат со ист резултат го победија српскиот претставник ТСЦ Бачка Топола со 3-1. Нашиот интернационалец во игра влезе во 71-вата минута, кога резултатот беше 2-1.
По Борац Бања Лука, уште еден клуб од поранешна Југославија направи голем успех. Словенечкиот Цеље со победа од 0-2 на гости кај кипарскиот АПОЕЛ дојде до пласман во осминафиналето.
Грчки Панатинаикос со гол во 95-тата минута дојде до победа од 2-0 над Викингур и ја надомести негативата од 1-0 од првиот меч на Исланд.