Потврда дека Дарко Чурлинов од денес е нов член на германскиот второлигаш Штутгарт стигна од таборот на Келн. Јарците му дозволија на македонскиот младински репрезентативец да се пресели во редовите на Штутгарт откако не се постигна договор околу продолжување на соработката.
Чурлинов денес се појави на првиот тренинг на второлигашот иако деталите и официјализацијата на трансферот допрва треба да се обелоденат. Тој доби дозвола да тренира со првиот тим како гостин, додека тренингот го предводеше новиот тренер Пелегрино Матарацо.
https://twitter.com/VfB/status/1214481064086966272