Младата македонска фудбалска репрезентација е во финишот на подготовките за старот на квалификацискиот циклус. Премиерниот меч на патот кон ЕП 2021 година ќе го играме во Скопје на терените на ФФМ на десетти септември против Фарски острови. Гостинската селекција веќе одигра два меча и ги загуби со 1:3 од Казахстан и со 0:3 од Црна Гора. И против нас се аутсајдери, но играчот на Келн, дарко Чурлинов вели дека не смее да се потцени ниту еден противник.
„Ниту една репрезентација не е за потценување, па ни нашот прв противник. Ќе дадеме се од себе за да победиме на натпреварот и се надевам на добри резултати и на овој и на следните дуели во овој циклус. Атмосферата во нашата репрезентација е одлична, и искрено се надевам дека така и ќе остане“ изјави Чурлинов.
Македонија има одличен состав што може да биде конкурентен во шестата група за пласман на Европското првенство, а повторно младите играчи до 21 година ќе ги предводи Благоја Милевски. Селекторот што успеа со Македонија да оствари историски успех и во 2017 година да биде дел од ЕП во Полска.